Вирц му откри на Алонсо каде ја продолжува кариерата – не оди ни во Реал ни во Сити

од Марта Пешевска
132 прегледи

Младиот германски репрезентативец и ѕвезда на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц (21), се наоѓа на чекор до сензационален трансфер во редовите на Баерн Минхен, јавуваат водечките европски медиуми. Според информациите на францускиот „Л’Екип“, баварскиот гигант подготвил вкупен пакет од 250 милиони евра за трансферот на Вирц, што би го направило еден од најскапите во историјата на фудбалот.

Според деталите, Баерн наводно нуди 125 милиони евра отштета за Леверкузен, додека останатите 125 милиони би се однесувале на личниот договор на играчот, петгодишен ангажман со плата од 25 милиони евра по сезона. Германскиот весник „Билд“ денес објави дека Вирц веќе донел одлука и ја соопштил на тренерот Чаби Алонсо, потенцирајќи дека не е заинтересиран за понудите од Реал Мадрид и Манчестер Сити.

„Вирц го сака само Баерн“, тврди „Билд“, додавајќи дека патриотскиот елемент исто така игра клучна улога во неговата одлука, желбата најголемиот германски талент да остане и се развива во татковината. Останува да се види дали Баер Леверкузен ќе попушти и ќе го пушти својот највреден играч на директен конкурент во Бундеслигата, особено по историјата на трансфери меѓу двата клуба.

Слични содржини