Присуството на делта сојот на коронавирус е регистриран во Србија денес кај две лица кои дошле од странство, потврдил за српските медиуми вирусологот Дејан Видановиќ од Специјалистичкиот ветеринарен институт во Краљево, кој изврши секвенционирање на примероците.
Вирусологот Видановиќ објасни дека примерокот на кој е утврдено присуство на делта сојот дошол до Институтот во Краjeево од Медицинскиот факултет во Белград и дека тие не знаеле од каде биле тестирани, но тој претпоставил дека тие пристигнале во Србија од Русија.
„Со цел да се откријат нови соеви, се прави секвенционирање на ДНК на луѓе кои биле тестирани откако дошле од странство. Претпоставуваме дека лицата кај кои е откриен сојот делта дошле од Русија“, вели Видановиќ.
Според тамошното Министерство за здравство, станува збор за двајца помлади пациенти, кои неодамна пристигнале од странство. Инфицираните не биле вакцинирани против коронавирус.
„Во моментов, тие се во стабилна општа состојба“, изјавиле од Министерството.