Вирусот брзо се шири: Мајмунски сипаници регистрирани и во Молдавија

од Stefanija Kuzmanovska
221 прегледи

Во Молдавија е регистриран првиот случај на мајмунска сипаница, објави денеска на социјалните мрежи министерката за здравство на таа земја, Ала Немеренко.

Според неа, заболеното лице е странец кој од Соединетите Американски Држави дошло во Молдавија на службена работа, пренесува Интерфакс.

„Лицето побарало лекарска помош во Инфективната болница каде е хоспитализирано со сомневање за мајмунска сипаница. Евидентираните симптоми се треска, слабост и осип“, напиша министерката во објавата на социјалните мрежи.

Слични содржини