Уште од самиот почеток кога ја добив функцијата посакувам да дојде денот кога нема да има рестриктивни мерки. Секој ден имаме новозаразени по 300 жители од државава, а тоа значи дека вирусот се уште постои и ја чека најмалата можност да се развива, а потоа при почеток на развивање ни одзема недела до две да може да стопираме нешто, вели министерот за здравство Беким Сали .
Сали потенцира дека во рамки на караванот за вакцинација против ковид-19 има одѕив и во секој пункт има нови кандидати за вакцинација и за прва, втора и трета доза.
– Не можам да кажам дека сме сосема задоволни од одѕивот, затоа што нашите очекувања се да се зголеми процентот на нововакцинирани, а со тоа да се почувствуваме и побезбедни за справување со ковид-19. Се уште не е завршен караванот за да кажеме колку проценти е зголемен одѕивот, меѓутоа минимално е зголемен, додаде Сали.