Продолжува намалувњето на бројот на заразени, хоспитализирани и починати од ковид-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 4 до 10 април 2022 година.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, а најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години.
Во однос на претходната недела, најголемо зголемување на бројот на заболени се регистрира кај возрасните групи од 0-9 (13,7%) и 10-19 (11,6%), а најзабележително намалување во споредба со минатата недела се забележува кај возрасната група 20-29 (26,6%).
Со статус „оздравени“ се стекнале 1.706 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 4,6% помалку во споредба со минатата недела (n=1.789). Вкупно се пријавени 272 реинфекции, со зголемување од 1,5% во однос на претходната недела.
Пријавени се 12 смртни случаи во 8 градови со датум на смрт во текот на изминатата недела (28.03-03.04.2022), за 45,5% помалку во однос на претходната недела (n=22). Најголем дел од нив се од Скопје (3). Во однос на возраста, регистрирани се 11 починати од возрасната група над 60 години и еден починат од возрасната група од 50-59 години.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, а најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години.
Во однос на претходната недела, се регистрира намалување кај сите возрасни групи, а најзабележително намалување во споредба со минатата недела има кај возрасната група 50-59 (38,1%).
Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1.530 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 10,6% помалку во споредба со претходната седмица.
Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 63 лица (11,3% помалку во споредба со претходна недела), од нив 25 се на кислородна поддршка, а нема лица на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Заклучно со 6 апруил 2022, вакцинирани се вкупно 873.332 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 853.786 лица, а со трета доза се вакцинирани 155.817 лица.