Висар Ганиу алармира: Чаир е под опсада, а Арсовска во политичка офанзива

од Марта Пешевска
61 прегледи

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, деновиве јавно објави дека неговата општина е „под опсада“ како резултат на политичка пресметка што ја водат надворешни фактори. Во објава на својот Фејсбук профил, тој изрази разочарување од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која, според него, наместо да се фокусира на отчетот за својот мандат, се претворила во „извршител на политички агенди“ насочени токму кон Чаир и неговите жители.

Ганиу ги обвини Арсовска дека со своите активности ја вратила општината во мрачните времиња кога Чаир бил третиран како гето, а граѓаните како луѓе од втор ред. Тој ја праша Арсовска „чија политичка агенда ја спроведува“ и предупреди дека Чаир „памети“.

Овој објавен став на Ганиу доаѓа во време кога Арсовска најави акција за рушење на дивоградби во општината, со тврдења дека се користеле фалсификувани документи и дека градоначалникот на Чаир имал дозволено градење на државно земјиште. Обвинителството исто така соопшти дека ќе отвори предмет за истрага по обвинувањата за криминал во Чаир. Спорот меѓу двата градоначалници ја возбуди јавноста и отвори прашања дали станува збор за вистинска борба против криминал или за политичка пресметка во пресрет на изборите.

Слични содржини