Актерот и поранешен директор на театарот во Гостивар, Висар Вишка на својот Фејсбук профил ги сподели своите видувања за работата на институцијата од која беше разрешен и се обрати директно до новата министерка за култура.
По надзорот што го направила инспекцијата на Министерството за култура, Вишка е разрешен од раководното место на театарот во Гостивар .
„Директорот Висар Вишка се разрешува поради работа која не е во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со закон. Министерството за култура преку овластен инспектор за култура на 28.10.2020 година изврши вонреден инспекциски надзор во НУ Гостиварски театар – Гостивар , при што се утврдени низа неправилности во работењето на назначеното раководно лице.“, стоеше восоопштението од минатата недела за причината за неговото разрешување.