„Виси“ полагањето матура на 27. мај, вработените во ДИЦ продолжуваат со штрајкот

од Nikola Popovski
268 прегледи

Продолжува штрајкот на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ), па се поверојатно е дека матурантите нема да полагаат матурски испит на 27 мај. Од таму денеска побараа од МОН да го измени календарот за полагање на државната матура затоа што нема да стигнат да ги завршат обврските кога е тестирањето по првиот екстерен испит.

-Предлогот на Министерството за финансии е покачување од речиси 1.000 денари и дека тоа се нивните црвени линии. Некои 300.000 денари од нашиот буџет се резервирани за платите на функционерите. Од таа причина, бидејќи истекоа роковите, пресметките се дека веќе е невозможно да се постигнат датумите од календарот за државна матура. 27 мај е воопшто неизводлив. Бараме промена на датумите за државна матура. Тоа значи и пролонгирање на резултатите. Бараме министерот да види кои се опциите за државна матура, рече Емилија Бошковска, претседател на Синдикалната организација при ДИЦ.

Вработените во оваа институција која е надлежна за спроведување на државната матура, но и за полагањето на испити за директори и приправници, бараат зголемување на платите за околу 25 проценти согласно колективниот договор.

-Не сакаме да им наштетиме на матурантите со какво било пролонгирање на резултатите, но веќе во прашање се минути, не денови, истакна Бошковска.

На прашањето кои би биле последиците за матурантите и нивното запишување на факултет, таа одговори:

-Во Македонија уписите се подоцна, а за тие што се запишуваат во странство им се битни. Пак се надевам дека ова нема да значи големо пролонгирање. Можеби денеска ако почнеме, би направиле нешто за да ги постигнеме датумите, рече Бошковска.

Слични содржини