Висок израелски воен претставник: „Копнената операција ќе се прошири“

од Stefanija Kuzmanovska
188 прегледи

Херзи Халеви, началникот на Генералштабот на израелската армија, денеска изјави дека копнените операции на ИДФ ќе се прошират и во други области на Газа.

„Блиску сме до демонтирање на воениот систем во северниот дел на Појасот Газа. Што се однесува до нас, сè повеќе региони (ќе бидат цел)“, рече Халеви при посетата на војниците, пренесува „Ал Џезира“.

Досега борбите меѓу израелските сили и борците на Хамас беа фокусирани на северот на Газа. Меѓутоа, во четвртокот, израелската армија фрли летоци врз некои населби на јужниот град Кан Јунис во кои ги советува цивилите да ги напуштат своите домови.

ОН постојано рекоа дека не сметаат дека ниту една област во опколената енклава е безбедна, што ги прави таквите наредби за евакуација незаконски според меѓународното хуманитарно право.

Предупредување од ОН

Портпаролот на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации (OHCHR) Џереми Лоренс изјави дека израелското проширување на окупацијата на Појасот Газа на југ претставува голем ризик, истакнувајќи дека заштитата на цивилите е прв приоритет.

Лоренс на прес-конференција во Женева рече дека во овој момент е клучно да се запре војната и човечките страдања. Тој повторно нагласи дека израелското проширување на окупацијата кон југот на Појасот Газа ќе доведе до уште поголема катастрофа во целиот регион, пишува „Анадолија“.

На прашањето дека Израел се подготвува да ја прошири својата окупација на Појасот Газа на југ и каква е реакцијата на ОН на таквата можност, Лоренс рече дека меѓународното хуманитарно право секогаш мора да се почитува.

Слични содржини