Висок руски функционер повреден во експлозија на автомобил-бомба на Крим (ФОТО)

од Vladimir Zorba
376 прегледи

Три лица се повредени во експлозија на автомобил на украинскиот црноморски полуостров Крим, соопштија руските власти кои го контролираат регионот.

Инцидентот се случил во близина на Симферопол, главниот град на Крим, соопштија властите.

Според пишувањата на руските медиуми, еден од повредените е висок функционер од окупираната украинска област Запорожје.

Претходно руската разузнавачка служба ФСБ објави дека е спречен напад врз членови на окупациската администрација на Запорожје.

Русија започна инвазија на Украина во февруари минатата година, но го окупираше и анектираше полуостровот Крим во 2014 година.

Слични содржини