Висока комесарка на ОН: Бесмислената руска војна предизвика неподносливо страдање

од Stefanija Kuzmanovska

Високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Башеле денеска ја осуди руската „бесмислена војна“ во Украина и испрати барање да се стави крај на неподносливото страдање на цивилите за време на руската инвазија.

„Како што влегуваме во петтиот месец од војната, неподносливиот биланс на војната во Украина продолжува да расте. Во име на секоја жртва на оваа бесмислена војна, барам да престанат убиствата, мачењата, произволните притворања“, рече Башеле за време на нејзиното последно појавување пред Советот за човекови права на ОН, пишува лондонскиот дневен весник „Гардијан“.

„Големиот број цивилни жртви и обемот на уништување на цивилната инфраструктура продолжуваат да предизвикуваат голема загриженост. Нападите извршени од руските вооружени сили не се во согласност со меѓународното хуманитарно право“, изјави таа.

Слични содржини