Висока мода пролет 2017: Пердуви и сјај од Карл Лагерфелд за Шанел

од Vladimir Zorba
91 прегледи

“Сакав нешто беспрекорно чисто. Сакав девојките да изгледаат како слики во движење”, рече Лагерфелд и додаде дека сака пердуви.

Звучи контрадикторно, но во реалноста церемонијата помина во знакот на класична претстава по стандардите на Карл Лагерфелд.

Духот на Шанел сепак се пресоздава забележително – огледало, тркалезен подиум, кој се одразува на култните арт деко огледала по скалите на работилницата на Коко Шанел.

Првите модели на Кајзер Карл поставуваат траен акцент на мајсторство на кројот – игнорирана уметност во современата женска мода.

Костимот на Chanel е решен во бонбон-бои, меѓу кои нане, розова, праска, лаванда и жолта.

Потенцирањето на женствената силуета се постигнува со појас, поставен на крстот.

Од овој дел до крајот на шоуто – сè е со сребрен сјај и смели силуети. Презентацијата се развива до постигнување на вечерни, издолжени линии со тип “кринолин” и сјајни акценти.

Тука доаѓа и љубовта на Карл Лагерфелд кон четкичките поставени како елегантен финиш на изгледот.

Сите предлози во колекцијата висока мода пролет 2017 на Chanel можете да ги видите во нашата галерија.