1,1K
Беше тешко да не се заврти човек по неа. Дури и во Њујорк, градот кој „отрпна“ на модни ескапади, многумина ја измерија Емили Ратајковски од глава до пети, која за прошетка низ градот избра проѕирен мини фустан под кој прекрасно беше исцртана црната долна облека.
32-годишната оваа комбинација ја истакна со црни чизми високи до бутовите. Не е важно што дури и во Њујорк температурата надминува 30 степени: модата бара жртви.
Ваквата комбинација, не се сомневаме, го собори од нозе и Орацио Риспо, кој, медиумите шпекулираат, повторно е близок со Емили. Се шушкаше дека биле во врска минатата година, кога диџејот и манекенката беа снимени како страсно се бакнуваат.