Високи претставници на ЕУ и лидерите на ЗБ следната недела во Скопје, ќе имаат вечера во Клубот на пратеници

од Nikola Popovski
101 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски во синоќешната дебатна емисија зборуваше за набавката на храна од страна на СОЗР за функционирање на рестораните во нивна сопственост. Притоа премиерот најави дека наредната недела во Скопје ќе доаѓаат високи претставници на ЕУ, но и лидерите од од останатите земји од Западен Балкан.

-Владата не набавува бифтеци туку СОЗР и заработува со тоа. Следната недела ќе имаме самит на лидерите на Западен Балкан. Ќе еврокомесарката за проширување, Марта Кос, како и господинот Копман, претставници на Европска инвестициска банка…Скопје ќе биде центар на случувањата во регионот. Вечерта која јас ја приредувам во чест на овие ќе биде во Клубот на пратеници – тоа не го правам во ловни ресторани ниту во кафеани. Тоа ќе го подготвува СОЗР и Владата ќе си плати фактура за тоа. СОЗР го прави тоа со однапред дефинирана спецификација како калории и процедура која што трае декади. Ненормално ќе биде ако ние секој ден имаме доручек, ручек, вечера со бифтеци и таков тип на гости, иако тоа го плаќаме три пати под цена. СОЗР плата дели од тоа. Не одиме во ресторани ниту меани, рече Мицкоски во дебатната емисија „Само интервју“.

Премиерот вели дека „може да плати кетеринг кој што би чинел 10 пати повеќе, но, не сака и оттаму СОЗР ќе ја подготви вечерата во чест на гостите“.

Слични содржини