Високи температури утре, прогнозира УХМР

од desk2
25 прегледи

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре прогнозира сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност. Во Скопје температурата би можела да се искачи до 41-от степен.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло, со слаб јужен ветер.

Максималните температури во текот на денот ќе се движат од 41 Целзиусови степени во Скопје и Велес, кон 39 во Гевгелија и Демир Капија, 38 степени во Штип и Струмица, до 33 степени во Берово и 30 степени во Маврово.