Високи водостои на сите реки во Македонија

од desk4
235 прегледи

Последните хидрошоки мерења на УХМР покажуваат дека високи водостои има на сите реки во државата. Релативно високи водостои имаат реките Вардар, Треска, Радика, Сатеска и Лепенец.

УХРМ, повикувајќи се на информација од ЕЛЕМ, попладнево соопшти дека акумулациите имаат доволно простор да го примат водениот бран, што позитивно ќе влијае на намалувањето на водостоите на одредени места.

Вечерва се очекува да продолажат врнежите, а да бидат почести на запад, додека во текот на ноќта ќе се прошират и во источните делови од државата. На одредени места се очекува да наврнат и нови 60 литри дожд на метар квадратен.