Поголемите концентрации на полен во воздухот се совпаднаа со зголемувањето на бројот на луѓе кои страдаат од Ковид, покажа голема студија.
Користејќи податоци од 130 локации во 31 земја, истражувачите откриле дека количините на полен во воздухот, комбинирани со влажност и температура, придонеле за 44 процентно зголемување на инфекциите со коронавирус во текот на пролетта 2020 година, објави Ројтерс.
Ефектот не е поврзан со алергии на полен, а извештајот објавен во понеделникот во Националната академија на науките на САД објасни дека изложеноста на полен на секоја личност ја намалува способноста на респираторниот тракт да се одбрани од вирусот со намалување на ослободувањето на антивирусниот протеин интерферон.
Студијата исто така покажа дека при слични концентрации на полен, бројот на инфекции се намалувал при „заклучувањето“, затоа што забраните за излегување го ограничувале пристапот до коронавирусот, но и до поленот, пренесе „Танјуг“.
„Бидејќи не можеме да избегнеме изложеност на полен, ги советуваме лицата кои имаат поголем ризик да носат специјални маски за филтрирање при високи концентрации на полен“, рече коавторот на студијата Атанасиос Дамиалис од Техничкиот универзитет во Минхен.