Висококвалификуваните специјалисти од ЕУ ja напуштаат Британија

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Висококвалификуваните специјалисти од Европската унија, кои работат во Велика Британија, почнаа да ја напуштаат земјата по референдумот за Брекзит, објави  Financial Times. Бројот на работниците од ЕУ во Велика Британија е намален за 50 илјади души, достигнувајќи 2,3 милиони во последниот квартал на 2016 година Ова е знак дека референдумот во јуни може да ја  намали атрактивноста на британскиот пазар на труд за Европејците.  Падот на работниците од ЕУ се забележува во голем број области, како најзначајни се во банкарскиот сектор, јавниот сектор и градежниот сектор.  “Иако е премногу рано да се прават цврсти заклучок за нивото на миграцијата по референдумот, првичното намалување изгледа се должи на дипломираните студенти”, вели економскиот аналитичар Стивен Кларк. “Овој тренд покажува дека прилагодувањето на пазарот на трудот кон пониските нивоа на миграција можеби не е само во пониско платените сектори, што беше доминантно мислење во  дебатата”, додаде експертот.