Вистината за фустанот кој Ким Кардашијан го носеше на Мет Гала

од Stefanija Kuzmanovska
417 прегледи

Овогодинешната „Мет гала“ предизвика лавина од коментари со оглед на тоа што познатите личности од Холивуд целосно ја пропуштија овогодинешната тема на настанот.

Еден од стајлинзите кој привлече внимание и предизвика грст коментари беше оној на Ким Кардашијан, а сега нејзиното појавување на престижниот настан предизвика контроверзии на социјалните мрежи.

Фустанот што го носеше Ким вреди 4,81 милиони долари, а важи за најскапиот фустан продаден на аукција. Ким Кардашијан носеше фустан на Мерлин Монро кој го носеше на прославата на 45-тиот роденден на американскиот претседател Џон Кенеди.

Култниот фустан во боја на кожа со повеќе од 2.500 рачно шиени кристали беше купен на аукција во 2016 година од ланецот музеј Ripley’s Believe It or Not за речиси 5 милиони долари.

Имено, Ким Кардашин изјави дека морала да ослабе 7 килограми и дека гладувала последната недела за да влезе во овој фустан, што се покажало како лага.

Нејзините обожаватели пред неколку дена открија слики од последната проба, која се одржала една недела пред Мет Гејл, што јасно покажува дека немало шанси старлетата да влезе во овој фустан. Затоа, се покажа дека таа промовирала крајно нездрав начин на живот, но сепак на крајот Ким не успеала ни да влезе во фустанот. На сликите од црвениот тепих Ким Кардашијан цело време ја чуваше бундата на грбот. Дури подоцна, кога се пресоблече во реплика на фустанот, ја фотографираа за да ѝ се гледа грбот.

Слични содржини