Вистиномер: Директорот на БЈБ не изјавил дека „Македонците ги нападнале Албанците“

од Vladimir Zorba
351 прегледи

Видеото што се споделува на Фејсбук е со невистинита содржина и монтирано, односно директорот на БЈБ, Сашо Тасевски во својата изјава никаде не споменува дека „Македонците ги нападнале мирољубивите Албанци“.

Од оригиналното видео на телевизиски прилог, може да се чуе целата изјава на Тасевски, кој во ниту еден момент не споменува Македонци или Албанци, ниту пак тврди дека за време на протестите „биле нападнати Албанци кои си стоеле мирно“

Во објава на Фејсбук се тврди дека Сашо Тасевски, директор на Бирото за јавна безбедност изјавил дека „Македонците ги нападнале мирољубивите Албанци во скопската чаршија“. Објавата се однесува на инцидентите кои се случија на 6 април за време на протестите против францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ, кога на плоштадот Скендербег лицето Е.Ј. (40) извади пиштол и испука неколку куршуми, а дојде и до поголем судир меѓу групата лица и демонстрантите.

Станува збор за невистинa, односно за манипулирана, изменета содржина, односно директорот на БЈБ, Сашо Тасевски во својата изјава никаде не споменува дека „Македонците ги нападнале мирољубивите Албанци“. Видеото што се споделува е монтирано (altered content) и тоа може да се препознае и по гестикулациите на Тасевски, односно лесно може да се согледа дека тој не ја отвора устата во согласност со она што лицата кои го монтирале видеото сакале да го прикажат.

Видеото е објавено на Фејсбук страницата Македонски национален фронт со наслов „Директорот на БЈБ: Масата народ сакаше да ги нападне Албанците“ и истото има над 29 илјади прегледи, повеќе од 100 коментари и околу 180 допаѓања.

Слични содржини