Вистинска слика на режимските медиуми

од Vladimir Zorba
119 прегледи

 

Вечерва сите граѓани во Република Македонија се уверија како работат режимските медиуми, како изгледа гостување во режимска телевизија уредувана од страна на Груевски и неговите платеници.

01-latas-zaev-43

Доминирањето на некултурата, вулгарностите, говорот на омраза кон оние што мислат слободно и различно, говорот на омраза кон припадниците на другите националности, уште еднаш покажува колку е далеку денес Македонија од демократските и европски вредности.

Со промена на власта и заминувањето на Никола Груевски во историјата, граѓаните можат да очекуваат слободни медиумуи, дебата, различни мислења што нема да бидат задушени, кадешто лагите нема да бидат медиумска алатка и кадешто ќе доминираат вистинските вредости на една демократска, современа и европска земја.

Сите слободномислечки и професионални припадници на новинарската професија и новинарскитре здруженија не смеат да останат неми туку да застанат во заштита на професионалното и објективно информирање во корист на граѓаните на Македонија.

Ова е уште еден доказ зошто е потребна слобода на медиумите, зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор и зошто СДСМ инсистира на професинално и избалансирано известување на медиумите.