Вистинските палати кои се претворени во хотели

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Ако некогаш сте сонувале за гламурозен живот на принцеза или принц, меѓу кралска атмосфера или сте си фантазирале дека сте дел од високата аристократија, тогаш сонот може да ви се оствари барем делумно.4c29bc04d7b27469d8fc7ee3b338d25f

За неколку дена и ноќи вие би можеле да поживеете во некој величествен европски замок, кој во денешно време е трансформиран во хотел, само внимавајте да не се навикнете на овој начин на живот.

На стариот континент е полно со древни палати, кои се достапни за туристи не само како музеи.

Дел од нив се претворени во луксузни комплекси кои нудат уживање на своите гости.

Првиот од нив е 5-хотел “Ashford Castle”,кој е лоциран на бреговите на езерото Кориб (Lough Corrib) во округот Мејо, Ирска.

Палатата е изградена во 1228 година, а оваа година е под број четири во листата “Топ 30 на одморалиштата во Европа”.

Имотот претрпел ремонт пред две години, а неговите 82 соби за гости се убаво декорирани со антички мебел и опрема, и раскошни таписерии.

Покрај екслузивниот спа центар, хотелот-замок нуди многу забава на своите гости, вклучувајќи риболов, лов со соколи, велосипедизам, кајак, голф, јавање, стрелање со глина, крстарење низ езерото и тенис. Звучи како волшебно бегство.

Видете ги другите најимпресивни палати-хотели во Европа во галеријата.