Многу луѓе се чувствуваат постојано уморни. Честопати чувствуваме дополнителен стрес, па затоа и нашето тело страда најмногу. Покрај тоа што не водиме доволно грижа за исхраната, лошиот начин на живот почнува да влијае на нашата кожа, коса и нокти.
Токму поради тоа е важно дополнително да се грижиме за себе и за нашето здравје. Во спротивно, тоа ќе влијае на нашиот изглед, па косата ќе го изгуби својот сјај, ноктите ќе ослабнат, а кожата ќе биде бледа и сува.
За да го спречиме сето ова, треба да го зголемиме внесувањето на одредени витамини и минерали, а оние што ќе ни помогнат да имаме убава коса, јаки нокти и здрава кожа се, пред сè, витамин Ц, цинк и комплекс витамини Б.
Витаминот Ц се користи за да се ослободиме од хронична исцрпеност и замор. Антиоксиданс како витамин Ц, исто така, обезбедува заштита од слободните радикали и може да го забави процесот на стареење. Исто така, витаминот Ц игра голема улога во производството на колаген, кој е клучен за здравата кожа.
Кога станува збор за цинк, на телото му треба за да изврши многу биолошки процеси, вклучително и производство на протеини во ноктите и косата, што придонесува за нивното здравје.
Покрај тоа, комбинацијата на цинк и витамин Ц ги поддржува и зајакнува функциите на имунитетниот систем, но исто така го забрзува процесот на регенерација на клетките. Исто така, оваа комбинација придонесува за нормално производство на колаген и ја зголемува еластичноста, како и го зајакнува интегритетот на кожата, косата и ноктите.
Витамини од групата Б се важни и за одржување на здрава кожа, коса и нокти. Тие ѝ помагаат на кожата да остане убава и здрава, ноктите да бидат цврсти, а косата да биде мека и сјајна. Иако правилната и урамнотежена исхрана може да обезбеди доволен внес, често е потребен додаток на витамин Б. Проблемите со косата, кожата и ноктите исто така можат да укажат на недостаток на витамини од групата Б. Со доволен внес на витамин Б, можеме да избегнеме некои вообичаени проблеми, како што се кршливи нокти.