Убавата и здрава коса е сон на секој човек. Промената на годишните времиња, исхраната, стресот, хормоналните промени можат да влијаат на состојбата на косата. Многу е важно од моментот во кој ќе забележите дека имате косопад, да започнете терапија која ќе помогне за заздравувањето и “поправките” на фоликулите на косата.
Споделуваме една витаминска маска, која треба да ја правите еднаш или два пати неделно, за убава, сјајна и здрава коса. Снимете си ги потребните состојки:
1 ампула витамин B6
1 ампула витамин B1
1 g витамин C или една ампула од витамини
2 лажички масло од пиреј
2 лажички мед
2 лажички од балсамот кој го користите за коса
Загрејте малку мед во водена бања и додадете ги кон него останатите состојки.
Измешајте добро и нанесете ја маската од корените по должината. Завиткајте ја косата во капа за бања. Маската треба да дејствува еден час, по што косата се мие како и обично.