Витина за птичјиот грип во Зоолошка: Евтаназија не е кршење на врат и пукање на животни

од Nikola Popovski
116 прегледи

Во јавноста беа изнесени ставови, но не го видовме резултат дека таму е детектиран птичји грип. Она што јас го имам како информација и податок дека резултатот е направен по неакредитирана метода. И од она што се информирав со стручни лица, тоа е резултат кој што се користи само за интерна употреба. Законската пропишана регулатива е примерокот веднаш да се прати во европска лабораторија, за да се потврди присутвото на птичји грип, а потоа да се постапи. Сепак да не се постапи како што се постапи затоа што евтаназија не е кршење на врат и пукање на животни како што видовме на снимките, изјави денеска советничката во Советот на Град Скопје, Ирена Витина за случувањата на 20 октомври, кога по драматични објави на социјалните мрежи, Агенцијата за храна и ветеринарство потврди птичји грип кај угината гуска во Зоолошката градина во Скопје.

Витина на редовната седница на Советот праша зошто во јавноста се уште ги нема резултатите од меѓународните лаборатории за да се потврди птичјиот грип. Очекува од АХВ да излезе со соопштение.

Советничката додаде дека не поддржува носење нови животни во Зоолошката градина.

-Ама животни кои што се во век и во возраст, земени како донација од друга Зоолошка, само за тука да останат уште некое време и да починат. Само заради тоа не се согласувам со носење на животни, поради примерите кои ги имавме во минатото. Треба подобрување на условите на животните. Нема да ја поддржам иницијативата и не сум за нехумано третирање и убивање на животните како што се виде во јавноста, кажа Витина.

Слични содржини