97
Специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, ќе му презентира на рускиот претседател Владимир Путин список од 22 предлози за решавање на конфликтот во Украина, вклучувајќи го и одбивањето на САД да го поддржат влезот на Киев во НАТО, објави NBC News, повикувајќи се на неименуван западен функционер.
Американските, европските и украинските преговарачи составија „список на услови“, изјави западен функционер, додавајќи дека тоа го исполнува барањето на рускиот претседател Владимир Путин дека САД нема да ја поддржат Украина во членството во НАТО.
„Ако Путин сака излез, еве го. Виткоф ќе мора да му ги презентира на рускиот претседател“, рече неименуваниот функционер.