137
Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Блискиот Исток, Стив Виткоф, кој неодамна се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, рече дека крајната цел на сегашната фаза од преговорите меѓу САД, Русија и Украина е да се постигне триесетдневен прекин на огнот за време на кој страните ќе разговараат за можностите за целосен прекин на непријателствата.
Виткоф рече дека верува оти „т.н. четири региони: Донбас, Крим, Луганск и два други региони“ се најголемите пречки за решавање на војната во Украина.
Во интервју за новинарот Такер Карлсон, тој нагласи дека овие региони се претежно населени со Руси и дека референдумите во овие области покажале дека огромното мнозинство од населението сака да биде под руска власт.