Виткоф планира посета на Москва за да се сретне со Путин

од Nikola Popovski
53 прегледи

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, планира да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин на 13 март, изјавил новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, цитирајќи извор.

„Извор запознаен со ситуацијата го потврди планот на Виткоф да отпатува во Москва оваа недела за да се сретне со Путин, но нагласи дека сè уште е предмет на промени. Можна средба со Путин во Москва – во четврток“, напиша тој на социјалните мрежи.

Тврдењето дека Виткоф доаѓа во Русија го коментираше портпаролката на руското МНР Марија Захарова. Како што вели таа, контактите меѓу Русија и САД во моментов се многу интензивни.

„Билатералните контакти со САД се доста интензивни во сегашната фаза. Нивното ниво и формати често се договараат на многу оперативен начин. Ќе информираме за натамошниот развој на настаните“, рекла Захарова.

Во понеделникот, новинар на Блумберг објави дека Виткоф планира да ја посети Москва за да се сретне со рускиот лидер.

Кремљ се уште не ги коментира овие наводи.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков претходно изјави дека контактите меѓу Русија и САД на линијата на одделни ресори се во тек, а неодамна се интензивирани.

Слични содржини