Vive Focus Plus е нов самостоен VR сет од HTC

од Vlatko K
90 прегледи

HTC го претстави својот најнов сет за виртуелна реалност Vive Focus Plus. Главната промена од
стандардната верзија на системот е додавање на втор 6DoF контролер. Прецизниот систем за
позиционирање работи без употреба на надворешни сензори.


Според компанијата, новиот модел нуди можност за интеракција со животната средина со истата
слобода како и со VR решенија за компјутерски системи. Повеќето автономни ВР очила како Oculus
Go и Gear VR користат само еден контролор, но постојат исклучоци (Oculus Quest).