vivo официјално го најавува својот влез на македонскиот пазар

од Vladimir Zorba
289 прегледи

vivo, бренд бр. 5 на паметни телефони ширум светот[i] и официјално го објави своето присуство на македонскиот пазар. Познат по тоа што е бренд кој се фокусира на клиентите и нивните реални потреби, vivo наместо да прави иновации поради иновации, воведува некои од почетните технологии од индустријата за паметни телефони, како што се скенерот за отпечатоци на екранот или системот за камера стабилизиран со гимбал. vivo моментално е присутен на преку 60 пазари ширум светот, стекнувајќи ја довербата на повеќе од 400 милиони клиенти.

„Среќни сме што можеме да кажеме ЗДРАВО на македонски јазик на медиумите и потрошувачите во Македонија и официјално да се претставиме себеси и препознатливиот пристап на vivo. Од нашето прво „Здраво, Европа“ во октомври 2020 година, па до сега, се проширивме на 13 европски пазари од кои добивме топло добредојде од крајните потрошувачи и деловни партнери. Со нетрпение очекуваме да стекнеме нови пријатели и на овој пазар бидејќи продолжуваме да растеме водени од нашата филозофија секогаш да ја правиме вистинската работа, на вистински начин“, изјави Душан Кузмановиќ, директор за продажба во претставништвото на vivo за Северна Македонија.

Растеме чекор по чекор без да го скратуваме патот

vivo се гордее со пристапот „чекор по чекор“. Овој пристап е поткрепен со повеќе од 10-годишно искуство во бизнисот со паметни телефони докажувајќи дека е на вистинскиот пат, бидејќи компанијата е лидер на неколку азиско-пацифички пазари вклучувајќи го и домашниот пазар во Кина. Тимот на vivo нагласи дека тоа не би било можно доколку нема постојано слушање на потребите на клиентите и силен фокус во истражувањето и развојот. Со преку 75 % од своите тимови кои работат во истражување и развој и строга контрола на квалитетот во текот на производниот процес во сопствените седум производствени бази, vivo ја заработи довербата на преку 400 милиони клиенти на повеќе од 60 пазари ширум светот.

Во текот на изминатите две години од лансирањето во Европа, vivo прерасна во тим од преку 200 локални експерти низ европските пазари со поддршка од преку 90 луѓе од 18 националности во европското седиште во Дизелдорф, Германија. Компанијата инвестира значително во клучни спортски партнерства, како што е Светското првенство на ФИФА што се одржува во Катар оваа година, фудбалското првенство на УЕФА ЕУРО што се одржа низ цела Европа минатата година, партнерството во 2024 година во Германија, локалната TIM eSerie A, женската одбојкарска лига во Италија, Ла Лига фудбалска лига во Шпанија, како и во Полската федерација за скијачки скокови. Осигурувајќи се дека смартфоните vivo се достапни за секого, компанијата исто така постојано ја зголемува листата на трговци на мало и телекомуникациски услуги на секој од пазарите, со што постигнува покриеност од преку 60 % во сите продавници низ земјите каде што е присутен брендот.

Свесни за барањата и преференциите на потрошувачите во Северна Македонија, vivo ги објави своите први партнерства со продажните мрежи на Сетек, Нептун и Риверсофт, како и со опараторот А1, осигурувајќи се дека можат да го пронајдат, пробаат и изберат смартфонот vivo кој одговара на нивните потреби и очекувања, во вистинската продавница според нивна желба.

Перфектно селфи со vivo V21 5G

Серијата V која е мошне популарна на азиско-пацифичките пазари, го имаше своето европско деби со V21 5G. Овој телефон располага со уникатна оптичка стабилизација на сликата, со камера од 44 мегапиксели на предната страна со која се добиваат јасни и висококвалитетни селфи фотографии поддржани со функции како што се: ноќен портрет, напреден автоматски фокус, како и двоен блиц за селфи во центарот и стабилизирано 4K видеоснимање со помош на предна камера. V21 5G, исто така, располага со одлична задна камера од 64 мегапиксели, што им овозможува на потрошувачите да снимаат креативни слики и видеа, како што е опцијата Dual-View која снима видеа од двете страни на паметниот телефон. Дизајнерскиот јазик е елегантен и минималистички, во елегантно куќиште кое е тенко само 7,29 милиметри и тежи 175 грама.

Snap and Play, со серијата vivo Y

Европската линија vivo располага со големо семејство на паметни телефони од серијата Y: почнувајќи од почетни уреди за оние кои го бараат својот прв паметен телефон, до уреди од средна класа за оние кои бараат целокупно избалансиран уред со најдобра вредност за парите, серијата vivo Y нуди паметен телефон од за секого.

vivo сака да им помогне на потрошувачите да направат совршена фотографија – со паметни телефони кои секогаш ја ставаат камерата на прво место. Понудата од серијата Y се отвора со vivo Y72 5G, кој комбинира тројна поставеност на камерата на задната страна, со главен сензор од 64 мегапиксели, широкоаголна камера од 8 мегапиксели, како и макро фотограф за снимање предмети од 4 сантиметри. Камерата од 16 мегапиксели ја заокружува силната низа на камери овозможувајќи јасни селфија, дури и во моменти со слаба осветленост. За напојувањето, Y72 располага со долготрајна батерија од 5000 милиампери со брзо полнење од 18 W.

Зголемувајќи го опсегот на серијата Y, vivo ги претстави Y33s, Y21s и Y21. Секој од новите телефони ги има истите клучни карактеристики и сите го испорачуваат истиот висок стандард: батерија од 5000 mAh комбинирана со сигурна технологија за брзо полнење на vivo за да се обезбеди неограничена работа секој ден, најновиот оперативен систем Android 12, поддршка за две СИМ-картички и страничен сензор за отпечаток од прст и тенко тело од 8 милиметри со посакуван, полиран финиш со висок сјај.

vivo Y33s може да се пофали со главна камера од 50 мегапиксели како дел од поставувањето на тројна задна камера, обезбедувајќи го вистинскиот сет за потрошувачите да ги доловат своите спомени. Поставувањето на камерата продолжува со супер макро камера за дополнителна јасност при фотографирање одблиску. vivo и овој пат се погрижи перформансите да одговараат на vivo Perfect Shot заложбите: 8GB RAM процесор напојуван од MediaTek Helio G80 SOC со што се гарантира дека сите апликации работат непречено, а сликите се обработуваат брзо.

Понатаму, vivo Y21s нуди можности за паметно фотографирање и снимање видеа исти како и Y33s, со систем од три камери со главна камера од 50 мегапиксели. Овој телефон исто така нуди функции за паметна камера кои им помогаат на клиентите да ја снимат својата совршена снимка во речиси секаква ситуација. Тие вклучуваат ноќен режим и за предните и за задните објективи, Time-Lapse и опција за бавно движење од 120 fps. Неговиот чипсет MediaTek Helio G80 вклучува пар моќни ARM Cortex-A75 процесори кои можат да работат до 2 GHz.

Дизајниран за потрошувачи кои немаат намера да ги искористуваат до крај своите паметни телефони при нивната секојдневна употреба, vivo Y21 е атрактивна алтернатива што го претставува најдобриот можен однос цена-перформанси со процесорот напојуван од MediaTek Helio P35 SoC. Најновиот Funtouch OS на vivo, има систем Multi-Turbo 5.0 кој ја подобрува конекцијата на податоци, брзината на системскиот процесор и штеди енергија, истовремено поседувајќи ажуриран режим за игри за мобилен телефон.

Цена и достапност, гаранција и услуга

Високата категорија претставувана од V21 5G, е достапна со препорачана малопродажна цена од 24.999 денари.

Средната категорија претставувана од серијата Y, ќе биде достапна за 11.999 денари за моделот Y21, а моделот Y21s ќе чини 13.999 денари. Следни се: Y33s со цена од 15.999 денари и Y72 5G за 18.999 денари. Сите модели се достапни за купување во продажната мрежа на Сетек, Нептун и Риверсофт, како и кај телекомуникацискиот партнер А1.

Бидејќи доверливоста и квалитетната поддршка по продажбата се од клучно значење за vivo, сите уреди се поддржани со 2-годишна гаранција на производителот; иако е скоро невозможно, сепак, во случај нешто да тргне наопаку, клиентите во Северна Македонија можат да се потпрат на услугата на Мобико.

[i] Canalys Smartphone Market Pulse, Q1 2022 – https://canalys.com/newsroom/global-smartphone-market-Q1-2022

Слични содржини