Essential го претекна Vivo Apex за „pop-up“ селфи камерата

од Vladimir Zorba

Проблемот со добрата идеја е тоа што често доаѓа од некој друг. Vivo Apex го привлече вниманието на Mobile World Congress 2018 претходно оваа недела со „pop-up“ предната камера која стои прибрана во куќиштето, и сега се покажува дека конкуренцијата воопшто не спие.

Бидејќи Essential веќе го патентирал истиот концепт.

Во основа, идејата за „скриената“ камера е дека со новиот дизајн на телефони со минимални рамки, предните дисплеи веќе заземаат се поголем дел од панелот и позиционирањето на традиционални елементи како камера, микрофон и сензори, станува тешко. Затоа, во овој случај селфи сензорот е скриен во лизгачки панел кој се активира. Отворете го и камерата се појавува нагоре; затворете го и се враќа назад.

Патентот на Essential е постар од оној на Vivo и веќе е одобрен. Тој се нарекува „апарат и метод за максимизирање на површината на екранот на мобилен уред“ и според описот, камерата може да се скрие, како во куќиштето, така и во самиот дисплеј.

Се разбира, како и секој патент и овој може да не се претвори во комерцијална реалност, но лесно може да се замисли како Essential ќе ја користи удобната технологија за својот втор Android смартфон. Оригиналниот Essential Phone доби пофалби за балансот меѓу дијагонала на екранот и општи физички димензии, па ако минимизирањето на камерата може да помогне дури и за уште покомпактен изглед, компанијата тешко ќе го игнорира.

Слични содржини