Визардс ги маѓепсаа Кливленд, Кари ги казни Клиперс со 44 поени

од Vladimir Zorba
220 прегледи

По недела прекин поради Ол Стар викендот, борбата во НБА беше обновена со интересни натпревари.

Во еден од нив, Вашингтон победи на гостувањето кај Кливленд со 110: 103 и ја сопре серијата на противникот од 4 последователни победи.

Леброн Џејмс постигна 14 последователни поени во последниот дел и заврши со 32, а неговиот тим се доближи до 103:106, но Бредли Бил реализира на другиот крај, за да го загарантира важниот успех.

Визардс имаат скор 8-2 без лидерот Џон Вол, а по триумфот се подобрија до 34-24 и се 4-ти на Исток, многу блиску до третиот Кливленд, кој е со 34-23.

На Запад, Стеф Кари избувна со 44 поени, при шут од игра 14 од 19 и постигна 8 тројки за успехот на Голден Стејт над Л.А. Клиперс со 134: 127. Бекот беше незадржлив и ги врати шампионите на победничкиот пат откако со биланс 45-14 тие остануваат блиску до лидерот на конференцијата Хјустон.

Во друг натпревар Расел Вестбрук постигна тројка со сирената, а Оклахома Сити победи со 110:107 на гостувањето во Сакраменто, макар и да испушти предност од 23 поени по првата четвртина. Бекот се истакна со 17 поени, 15 скока и 11 асистенции за 18-тиот трипл-дабл сезонава, откако неговиот тим ја продолжува борбата за подобра позиција на Западот.

Во другите натпревари Њујорк победи во Орландо со 120: 113, Шарлот го победи Бруклин дома со 111: 96, а Филаделфија го победи Чикаго со 116: 115, откако израмни негатива од 5 поени во последната минута.

Слични содржини