Визер: Обновени седум авионски линии до четири европски земји

од Nikola Popovski
282 прегледи

Авиокомпанијата Визер денеска објави дека се обновуваат седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома. Според соопштението од авиокомпанијата, Визер ја докажува својата заложба и повторно ги поврзува Северна Македонија со Париз Бове, Базел-Мулхаус-Фрајбург, Фридрихшафен, Дортмунд, Виена, Карлсруе / Баден-Баден и Малме.

„Повторно ги отвораме летовите се Франција, Германија, Австрија и Шведска. Со бројните услуги што повторно се отвораат низ цела Европа, Виз ер ја докажува својата посветеност, на македонските патници да им понуди безбедно и незаборавно патување низ цела Европа и пошироко, со нашата модерна флота и во друштво на нашиот високо квалификуван екипаж“, изјавил за МИА, во пишана изјава Андрас Радо, менаџер за корпоративни комуникации во ВизЕр.

Слични содржини