Претседателот на државата Ѓорге Иванов, на 12 април, на прес-конференција соопшти дека помилувал 56 лица – политичари и нивни соработници – за да стави крај на политичката криза.

pred-vlada-860x680

Наместо тоа потегот на шефот на државата предизвика жестоки протести и реакции и кај нас и во светот.

По месец ипол, на 27 мај Иванов на обраќање во јавноста соопшти дека го повлекол помилувањето, но само за 22 политички експонирани лица.

Десет дена потоа, кабинетот на Иванов испрати писмено соопштение дека претседателот целосно ја поништува аболицијата за сите 56 лица./Meта