Вклучен алармот во Сити: Де Брујнe бара 17.500.000 фунти или си заминува

од Nikola Popovski
262 прегледи

Покрај променливите резултати оваа сезона, Манчестер Сити има нов проблем.

Британските медиуми пишуваат дека капитенот Кевин де Бруин одбил да потпише нов договор бидејќи не добил покачување на платата.

Белгискиот играч од средниот ред во моментов заработува 280 000 фунти неделно, што е околу 15 милиони годишно, но очекуваше зголемување на 30 проценти за новата соработка.

Бидејќи „граѓаните“ му нудат идентични услови, Де Брујн билразочаран и лут.

Клубот од „Етихад“ му објасни дека во време на коронавирус, тие мора да внимаваат на пари, но тоа не влијае ло премногу на одличниот Белгиец.

Тој би сакал да стане најплатен во тимот во време кога Рахим Стерлинг има плата од 300 000 фунти, а го дал и примерот на Пјер-Емерик Обамејанг, кому Арсенал му плаќа 350 000 неделно (17,5 милиони годишно).

Сити ризикува да го загуби својот најдобар играч, официјално и играч на Премиерлигата за минатата сезона, доколку не му ја исполни желбата.

Слични содржини