Вклучен црвен аларм низ Украина, експлозии во Киев

од Nikola Popovski
106 прегледи

Рано утринава беше прогласена воздушна закана низ цела Украина, а на жителите им беше кажано да одат во засолништа.

Андриј Јермак, главен советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави на социјалните мрежи: „Путин извршува ракетен напад врз Киев“.

Како што јави дописникот на Би-Би-Си, руските бомбардери Ту-95 истрелале околу 6 групи крстаречки ракети кон цели низ земјата.

Ројтерс известува за експлозии кои се слушаат во источниот дел на главниот град. Густ облак од чад се издигнува на најмалку една локација, но се уште не е познато дали експлозиите биле резултат на воздушната одбрана или проектилите ги погодиле нивните цели. Два борбени беспилотни летала Шахед биле забележани и над јужниот дел на градот.

Градската воена управа на Киев предупредила дека електричната енергија би можела да биде исклучена бидејќи Русија продолжува да ја напаѓа енергетската инфраструктура пред претстојните зимски месеци.

Слични содржини