Вклучени и кучиња трагачи во потрагата по возачот што падна во Вардар

од Берта Китинска
150 прегледи

Продолжува потрагата по возачот на возилото кое на 27.09.2022 година излета во реката Вардар информираат од ЦУК.

Во моментов на терен се раководителот и вработените во РЦУК Тетово кои од лице место информираат дека во 09:00 часот пристигнале на терен едно специјализирано лице од МВР, 6 лица од специјалната антитерористичка единица „Тигри“, екипа од ДЗС 8 лица, 4 нуркачи од Тетово, 4 нуркачи од Кочани, 6 пожарникари и 10 луѓе од ЕЛС Желино.Екипа од ДЗС Тетово побарала во текот на денот да ангажира и екипа од ДЗС Велес и во текот на денот да се изврши пребарување во малото езеро во Зелениково, соопштија од ЦУК.

Слични содржини