Вкупните приходи на европската одбранбена индустрија во 2024 година се зголемија за 13,8 проценти на 183 милијарди евра

Европската одбранбена индустрија забележа раст на вкупните приходи во 2024 година за 13,8 проценти на 183,4 милијарди евра, според извештајот објавен денес од Здружението на воздухопловни, безбедносни и одбранбени индустрии на Европа (ASD).

од Vladimir Zorba
5 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Европската одбранбена индустрија забележа раст на вкупните приходи во 2024 година за 13,8 проценти на 183,4 милијарди евра, според извештајот објавен денес од Здружението на воздухопловни, безбедносни и одбранбени индустрии на Европа (ASD).

Зголемувањето се однесува на вкупната економска активност и продажбата на одбранбените компании, објави Блумберг.

Вработеноста во индустријата порасна за 8,6 проценти на 633.000 работни места, но секторот продолжува да биде загрозен од проблеми со синџирот на снабдување, недостаток на критични суровини и електронски компоненти, како и високи цени на енергијата, се додава во извештајот.

Четвртото последователно зголемување на приходите е резултат на години недоволно инвестирање, проследено со ненадејно зголемување на буџетот по руската инвазија на Украина. ASD предупредува дека значителен дел од европската одбранбена опрема се набавува од странски компании, првенствено од САД, што создава ранливост во време на криза или голема побарувачка.

Генералниот секретар на НАТО, Камил Гранд, нагласи дека 98 проценти од технологиите потребни за одбрана веќе постојат во Европа, па затоа Стариот континент е доста способен да ги задоволи сопствените потреби на среден и долг рок.

Членовите на НАТО ветија дека ќе издвојат пет проценти од БДП за одбрана до 2035 година, додека Европската унија издвои 150 милијарди евра за заедничка набавка на одбрана, со насоки што ги охрабруваат европските добавувачи и ја намалуваат зависноста од трети земји, се забележува во извештајот.