Вкупно 160 лица се повредени на новогодишната ноќ во Србија

Вкупно 160 лица биле повредени на новогодишната ноќ во Србија, од кои 20 од пиротехнички средства и истрели од оружја, објави денес главниот дежурен хирург на Военомедицинската академија во Белград, проф. д-р Бошко Милев, објави ТАНЈУГ.

од Vladimir Zorba
10 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин

Вкупно 160 лица биле повредени на новогодишната ноќ во Србија, од кои 20 од пиротехнички средства и истрели од оружја, објави денес главниот дежурен хирург на Военомедицинската академија во Белград, проф. д-р Бошко Милев, објави ТАНЈУГ.

Тој додаде за српската национална телевизија РТС дека две 13-годишни момчиња биле примени на Клиниката за очни болести откако биле повредени од огномет.

Според него, преостанатите повреди се класифицирани како сериозни телесни повреди, вклучувајќи повреди на рацете и ампутации на прстите, сите од кои биле резултат на експлозивни направи.