Вкупно 22 наши државјани побарале помош за напуштање на Израел и враќање во Македонија

од Nikola Popovski
18 прегледи

Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Македонија. Станува збор за државјани на Северна Македонија, како и членови на нивните потесни семејства, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Оттаму додаваат дека во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата.

-Напоменуваме дека дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив е во постојана комуникација со нашите државјани, а Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно работи на обезбедување на сите неопходни услови за нивно безбедно враќање, стои во соопштението на МНРиНТ.

Се интензивираат нападите меѓу Израел и Иран. Тел Авив удри по нафтените постројки во Техеран и Шахран, иранската војска возврати со ракетен напад врз научниот институт „Хаим Вајцман“. Жртви и стотици повредени на двете страни. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучен да ги уништи сите позиции на режимот со цел терористите да не дојдат до нуклеарно оружје.

Слични содржини