Вкупно 931 случај на голема кашлица во земјава

од Nikola Popovski
116 прегледи

Нови 26 случаи на пертусис, позната како голема кашлица, се пријавени во периодот од 12 до 18 јули, што претставува намалување од 35,4 отсто во споредба со претходниот седмодневен период.

Заклучно со 18.07.2024, во РСМ е регистриран вкупно 931 случај на голема кашлица, со инциденца од 50,7/100 000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период (2019-2023 година), кога се регистрирани вкупно 10 случаи.

Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје – 10. Пријавени се и седум случаи од Куманово, по два во Кратово и Тетово и по еден случај во Гевгелија, Неготино, Кичево, Битола и од Крива Паланка.

Возраста на заболените се движи од три месеци до 70 години, а најголем број случаи се од возрасната група до четири години. Од новите случаи, хоспитализирани се две лица, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

Слични содржини