Вкус кој ќе го обожавате: Палачинки со ѓумбир

од Elena Daskalova
439 прегледи

Ако сакате палачинки, а во исто време сте и љубител на ѓумбирот, оваа идеја е одлична за тоа како да ги споите во еден десерт.

За околу 15 палачинки потребни ви се:

180 мл млеко
150 гр брашно
60 гр стопен путер
60 гр кафеав шеќер
Две јајца
2 лажици мед
Една лажичка пециво
Една лажичка цимет
Половина лажичка сода бикарбона
Половина лажичка сол
Речиси полна лажичка ѓумбир
Малку индиско оревче
Малку каранфилче
Масло за пржење

Подготовка:

Измешајте ги брашното, прашокот за пециво, содата, солта, циметот, ѓумбирот, индиското оревче и каранфилчето. Во друг сад изматете ги шеќерот, јајцата, медот, стопениот путер и млекото.

Спојте ги двете смеси и измешајте добро. Намастете го тавчето за печење. Сипете од смесата и почекајте да се појават меурчиња. Тогаш превртете ги со шпатула и оставете да се испечат до крај.

Комбинирајте ги со преливи и додатоци по ваша желба.

Слични содржини