549
Подгответе вкусен оброк без месо…
СОСТОЈКИ:
500 гр компири
1 главица кромид
1 јајце
1 лажица брашно
сол
бибер
масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Компирите излупте ги, измијте ги, изрендајте ги, посолете и оставете да отстојат 10 минути. Исцедете ја водата, додајте ситно сечкан кромид, јајце, брашно, побиберете и добро измешајте.
На дланка обликувајте шницли и веднаш ставајте ги на врело масло. Пржете додека не поруменат од двете страни. Послужете како прилог.
Добар апетит!