Вкусна и полна со витамини: Салата од цвекло

од Stefanija Kuzmanovska
633 прегледи

Состојки:

2 помали цвекла
1 кромид
3-4 чешниња лук
1 лажичка сечкан свеж магдонос
0,5 лажички бибер
2 лажици оцет

Подготовка:

Цвеклото се ренда и се посолува, па се додава оцетот. Се остава да маринира околу 3 часа. Процедете. Кромидот се сечка и се пржи додека не порумени. Во цвекло додадете го сокот од кромид, а ако сакате додадете и кромид. Во салатата со цвекло додајте ситно сечкан лук, бибер и магдонос. Добро промешајте.

Слични содржини