Со доаѓањето на потоплите денови, започна сезоната на јагоди, омилени намирници на многумина, кои освен со вкусот нè освојуваат и со благодетите за нашето здравје.
Според WebMD, редовното консумирање на јагоди има многу придобивки. Имено, витамините, минералите и антиоксидансите во јагодите можат да обезбедат важни здравствени придобивки.
На пример, јагодите се богати со витамин Ц, влакна и полифеноли, антиоксидантни соединенија кои можат да помогнат да се спречи развојот на одредени болести.
Покрај тоа, јагодите може да пружат и други здравствени придобивки како што се:
-Зачувување на здравјето на срцето и циркулацијата на крвта
-Зајакнување на имунитетот
-Намалување на ризикот од рак и деменција
-Намалување на нивото на холестерол во крвта
-Спречување на воспаление во телото
-Одржување на здравјето на цревата.