Влада: Да не се создава паника со најави за високи поскапувања

од Берта Китинска
272 прегледи

Не треба да се создава паника со најави за високи поскапувања. Постојат механизми, Владата ги уверува граѓаните, како и стопанствениците, дека и натаму ќе продолжи да биде партнер со сите засегнати страни за соодветно да се реагира на секој предизвик, рече портпаролот на Владата Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање дали државата ќе го запре поскапувањето по примерот на српската влада која ги замрзна цените на основните прехранбени производи на 60 дена.

– Државата ги следи состојбите во сите сектори во економијата, вклучително и во преработувачката и прехранбената индустрија. Владата е во постојан отворен дијалог со сите засегнати страни на стопанството. Една таква комуникација се одвива преку Платформата за социјално-економски дијалог која ги опфаќа социјалните партнери и четирите најголеми комори, преку која се одржуваат редовни состаноци и тој не е прекинат, рече Арсовски .

Слични содржини