Влада и Светска банка: Човечкиот капитал е приоритет – вложуваме во луѓето, градиме стратегии

273 прегледи

Денес беше оддржан онлајн состанок, помеѓу директорот на Светска банка за С.Македонија, Масимилијан Паолучи заедно со експертскиот тим, а од другата страна беа Министрите на Владата задолжени за финасии, труд и социјална политика и образование и наука.

Како што информираа од Владата, на состанокот бил разгледан начинот на отпочнување на „Стратегијата за развој на човечки капитал“, имено и приоритет на Владата во пост ковид периодот.

Меѓудругото на состанокот било истакнато дека човечкиот капитал е исклучително важен за секоја земја и вложувањето во истиот треба да биде одговорност за секоја Влада, но и пошироко, да постои општоприфатен консензус за структурните реформи во оваа област.

„Од исклучително значење е создавање и промовирање на еднакви можности, развој на човечките ресурси преку инвестиции во образованието, науката и здравството, поттикнување на поголема активност на работоспособното население и социјална заштита и социјално осигурување. Со вложување во човечкиот капитал и паралелно дејствување кон заздравување од ковид кризата, поттикнување на одржлив и инклузивен раст и подобрување на конкурентноста на приватниот сектор, стапките на економски раст кои порано се движеле од два до 2,5 отсто, на среден рок можат да достигнат четири до пет отсто“, посочи Фатмир Бесими, инаку министер за финансии на овој состанок.

Министерката Шахпаска истакна дека Министерство за труд и социјална политика ги адресира предизвиците на ранливите категории на граѓани, особено во услови на пандемија.

„Имавме можност да ја тестираме социјалната реформа донесена 2019 година и нејзината успешност и првите резултати ги видовме за време на кризата. Тоа искуство ни потврди дека сме на вистинскиот пат во правењето промени во општеството, преку поддршката на ранливите категории на граѓани. Имавме одлична соработка со Светска банка во делот на предучилишното образование и воспитување, социјално ранливите категории, младите лица, но и во поддршката на старите лица преку социјалните услуги“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Министерката за образование и наука пак, Мила Царвоска на овој состанок истакна дека образованието е всушност клучно во градењето на човечкиот капитал.

„Преку образовниот процес создаваме идни генерации кои треба да го градат, водат и развиваат нашето општество. Образованието е основа за создавање на квалитетен човечки потенцијал и Министерството за образование и наука и државата постојано ќе вложува во него“, истакна Царовска.

Слични содржини