Влада: Ковачевски ниту јадел ниту пиел надвор од протоколот на „Делфи“ форумот во Грција

од Берта Китинска
282 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа завршил во болница поради труење со храна, а пуштен е во добра состојба, информираа од Влада .

-Биле преземени сите мерки за претпазливост кога е во прашање протоколот на меѓународниот самит „Делфи“ во Грција премиерот Димитар Ковачевски ниту јадел, ниту пиел надвор од протоколот. Тој се чувствува добро и од утре ќе се врати на работа, информираше портпаролот на Владата на Република Македонија, Душко Арсовски.

Арсовски појасни и дека на полесни симптони на труење со храна се пожалил и шефот на кабинетот на премиерот.

–Во однос на безбедноста на пијалоците и на храната, согласно законот тие постојано се испитуваат, додаде Арсовски.