Влада: Нема да пораснат платите на функционерите, судиите и јавните обвинители

од Nikola Popovski
30 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево информираше дека на денешната седница, Владата донесе одлуки со кои нема да пораснат платите на именуваните и избраните лица, судиите, членовите на Судскиот совет, јавните обвинители и членовите на советот на јавните обвинители и истите преку интервенција во коефициентите за пресметка на платите се замрзнуваат.

Исто така, како што појасни Мицкоски, нема да има исплата на 13-та плата во сите органи на државната управа и средствата ќе се пренасочат за развојни проекти.

-Започнува исплатата на К15 за сите вработени во целата администрација. Македонија ќе биде пристојно место за живеење, објави премиерот на социјалните мрежи.

Слични содржини