218
Денеска владиниот портпаролот Мухамед Хоџа, соопшти дека Владата нема информација дека за влез во Косово е неопходен ПЦР-тест.
„Сѐ уште официјално не сме известени дека за Косово е потребен ПЦР-тест. Немаме известување за ваква одлука од страна на Косово или од нашите власти. Ако има ваква одлука, нашата јавност ќе биде информирана. Владата нема донесено ниту одлука за реципроцитет за државјаните на Косово“,изјави Хоџа .